„Оган да го гори“ во изведба на Ламбе Алабаковски е првата од предвидените дванаесет нумери што јавноста имаше можност да ја слушне како дел од проектот „Македонијо во срце те носиме“.
Оваа прекрасна песна е дело на легендарните Војо Стојаноски, кој е автор на музиката, и Гоце Николовски, кој го напишал текстот. Аранжманот е на Николче Мицевски, кој покрај за оваа ќе ги направи аранжманите за сите 12 композиции кои треба да се најдат на проектот „Македонијо во срце те носиме“.
Видеото за овааа нумера е на Скендеровски продукција која ќе биде задолжена за комплетната реализација на целиот проек . Освен Ламбе меѓу изведувачите кои ќе ги видиме се и Наум Петрески, Сузана Спасовска, Миле Кузмановски, Бојана Скендеровски, ДНК, Огнен Здравковски, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Мина Блажев, Марија Спасовска, Зуица Лазова