
По четирите врзани триумфи, Менли Си Иглс запишаа пораз, откако во седмото коло, загубија со 34-22 од Кронула Шаркс.
На мечот беа одиграни две потполно различни полувремиња при што, Шаркс нанижија 32 поени во првиот, а Си Иглс направија серија од 22-2 во вториот дел.
Од победничкиот состав, задолжен за шутевите беше Николас Хајнс, погодувајќи 4/6 конверзии и еден пенал.
Од неговите соиграчи, топката во противничката енд-зона ја внесоа Сиосифа Талакаи (1′, 14′), Роналдо Мулитало (19′, 26′), Вилијам Кенеди (28′) и Тиг Вилтон (39′).
На спротивната страна, по еден есеј постигнаа Кристијан Туипулоту (44′), Таниела Пасека (48′), Лахлан Кроукер (53′) и Хаумоле Олакау’ату (65′), а Рубен Герик погоди 3/4 конвертирања.
На табелата, Кронула изби на третото место, додека Менли остана на шестата позиција.



