четврток, мај 26, 2022
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна МАГАЗИН НАСТАНИ

„Трка на Поезијата“ Струга, второ издание!

Марјан Туртуров ✏️ Марјан Туртуров
април 21, 2022
📁 НАСТАНИ, Останато

„Трка на Поезијата„ во Струга се одржува по втор пат ова година. По одличното премиерно издание минатата 2021 година оваа година интересот за овој настан го прикажуваат се повеќе и повеќе активни атлетичари и рекреативци.

Одличната патека по улиците низ Струга која нуди прекрасни амбиенти поминати преку реката Црн Дрим и Охридско езеро се само амбиент кој што секој тркач би го посакал, но овде доаѓа и самата географска положба на Струга каде што организаторите патеката за трчање имаа можност да ја креираат со неверојатни 0 (нула) метри елевација, која што елевација би ја посакал секој кој што сака да си брка сопствен рекорд и да се самонадмини резултатски.

На оваа трка на 10 дена до истекнувањето на регистрацијата која завршува на 30 Април веќе се пријавени околу 700 активни и рекреативни љубители на трчањето како од Македонија така и од соседните Албанија, Србија, Косово и Босна и Херцеговина. Од активните атлетичари настап ќе земат Атанас Анчески кој предтходниот викенд се здоби со државен првак на 10.000 метри, Александар и Биљана Кираџиеви, Весна Кираџиева, Кокан Ајаноски, Жан Тосев, Игор Јакимовски, Миљана Ристиќ, Сашо Даневски и многу други атлетичари.

Овој настан ќе е збогатен и со други активности кои што се планирани за овој атлетски викенд во градот на двете води, Струга, како што е Поетскиот конкурс каде што се избира поезија под мотото „Мојата трка“, активности во Камп Скаут во Струга, каде што ќе е и доделувањето на стартните пакети, детска трка и други активности за подигање на свеста на локално и меѓународно ниво за спортски активности.

Оваа година исто како и минатата награден фонд ќе има само на трката од 10.000 метри кој што изнесува:

  1. место 15.000 мкд
  2. место 12.000 мкд
  3. место 10. 000 мкд
  4. место 4.000 мкд
  5. место 2.000 мкд

Наградниот фонд е ист и во женска и машка конкуренција, каде што исто следува и награди од организаторите доколку се постави нов рекорд на трката кој што минатата година во машка конкуренција го постави победникот Милош Ранчиќ со резултат од 34 минути и 34 секунди и во женска конкуренција го постави победничката Биљана Кираџиева со резултат од 38 минути и 34 секунди.

Од здружението „Спортски Мостови“ Струга ни ветуваат одличен настан и забава. Доколку сеуште не сте го потврдиле Вашето учество истото можете да го направите на www.poetryrun.mk до крај на Април.

Tags: Poetry RunТрка на Поезијата
ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) Милвоки го порази Питсбург по третпат во низа

Следна вест

(ВИДЕО) Кронула ја прекина серијата на Менли и го освои третото место

Марјан Туртуров

Марјан Туртуров

Слични вести

Македонија ја “преслуша” БиХ со убедливи 3:0 (Сребрена лига)
Останато

Македонија ја “преслуша” БиХ со убедливи 3:0 (Сребрена лига)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
25/Мај/2022
(ВИДЕО) Тампа Беј го реши дербито на Флорида со три хоум-рани
Останато

(ВИДЕО) Тампа Беј го реши дербито на Флорида со три хоум-рани

✏️ Епов Насе
25/Мај/2022
(ВИДЕО) Њујорк Ренџерс ја израмнија серијата против Каролина Хурикејнс
Останато

(ВИДЕО) Њујорк Ренџерс ја израмнија серијата против Каролина Хурикејнс

✏️ Епов Насе
25/Мај/2022
(ВИДЕО) Питсбург го победи Колорадо после четирите меѓусебни порази
Останато

(ВИДЕО) Питсбург го победи Колорадо после четирите меѓусебни порази

✏️ Епов Насе
24/Мај/2022
Следна вест
(ВИДЕО) Кронула ја прекина серијата на Менли и го освои третото место

(ВИДЕО) Кронула ја прекина серијата на Менли и го освои третото место

Последно

Вардар против Тиквеш ќе ја прослави титулата

Македонија ја “преслуша” БиХ со убедливи 3:0 (Сребрена лига)

Новиот англиски шестолигаш доведе солидно засилување на тренерската позиција

(ВИДЕО) Тампа Беј го реши дербито на Флорида со три хоум-рани

(ВИДЕО) Њујорк Ренџерс ја израмнија серијата против Каролина Хурикејнс

(ВИДЕО) Дончиќ со дабл-дабл ја спаси првата ,,меч-топка” на Голден Стејт

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.