
По среброто на 1500 метри, Холанѓанецот Томас Крол дојде до златен медал на трката на 1000 метри во брзо лизгање.
Крол беше најбрз во Националната арена за брзо лизгање со време од 1:07,92 што претставува нов рекорд на патеката.
На второто место, како дебитант на олимпискиот пиедестал, заврши Канаѓанецот Лорен Дубреј (+0,40), освојувајќи го сребрениот медал.
Среброто од Пјонгчанг 2018, на денешната трка, во бронза го претвори норвешкиот лизгач – Ховард Холмефјорд Лоренцен (+0,56).
Подиумот за осум стотинки му избега на Полјакот Пјотр Михалски (+0,64), а четири стотинки зад него беше Кинезот Нинг Жонгјан (+0,68).
Сепак, најголем трагичар на денот беше европскиот тимски првак, Каи Вербај, кој, иако имаше време за пиедестал, ненадејно застана и заврши како триесетти (+6,25).