
Екипата на КооКоо го задржа стопроцентниот учинок на стартот на новата сезона од финската хокеарска Лиига.
Имено, во својот трет натпревар, КооКоо славеше над СаиПа со 1-4.
После две третини, гостите водеа со 0-2, а резултатот во третиот период гласеше 1-2 за конечен триумф на претставниците на Коувола.
За победничкиот состав стрелаа четири различни хокеари, односно Оскари Манинен, Самули Ратинен, Тони Сууронен и Јоосе Антонен.
Од друга страна, единствен што успеа да ја затресе мрежата на Оскари Сетанен беше Џејдон Дешено.
На табелата, КооКоо го држи второто, а СаиПа – претпоследното место.