
Во вториот меч од меѓусебната осминафинална серија, КооКоо го совлада Карпат со 4-1 и израмни на вкупни 1-1.
Имено, претставниците на Коувола практично ја закажаа ,,мајсторката” уште после втората третина, кога водеа со 3-0.
За победничкиот состав, во листата на стрелците се запишаа Каспери Ојантаканен, Миска Сииконен, Теему Раутијаинен и Хеики Лиедес.
На спротивната страна, единствен што го совлада голманот Оскари Сетанен (26/27 одбрани, 96,3%) беше Арту Паасо во третиот период.