
Колорадо Аваланш ја запишаа петтата последователна победа, совладувајќи ги Детроит Ред Вингс со убедливи 1-5.
После првата третина, резултатот гласеше 1-1, откако Девон Тјус погоди за гостите, а Пиус Сутер израмни за Ред Вингс.
Сепак, во наредните два периоди, Аваланш постигнаа по два гола за да дојдат до посакуваниот плен, а во листата на стрелците влегоа Нејтан МекКинон, Боувен Бајрам, Ларс Елер и Мико Рантанен.
Во Западната конференција, актуелните шампиони избија на четвртото место, додека Детроит е тринаесетти на Истокот.