
ЦСКА Москва поведе со вкупни 2-0 против Локомотив Јарослављ во меѓусебната четвртфинална серија од КХЛ.
Имено, во вториот меч, ,,Армејците” триумфираа со 3-2 после голем пресврт.
На половина од натпреварот, Локомотив водеше со 0-2, благодарение на Денис Алексејев и на Максим Березкин.
Сепак, до крајот, победнички, во корист на домаќините, резултатот го обрнаа Максим Мамин, Дарен Дитц и Михаил Григоренко.