
На последните четири меѓусебни пресметки, кои завршија со реми по регуларниот дел, Колорадо Аваланш успеаја да ги надиграат Торонто Мејпл Лифс.
Имено, синоќа, на канадско тло, актуелните шампиони славеа над своите ривали со 1-2 после пенали.
Во четвртата минута, Морган Рајли им донесе водство на домаќините, пред Мико Рантанен да израмни десет минути подоцна.
Во пенал-серијата, единствен прецизен хокеар беше Нејтан МекКинон, кој беше втор изведувач за својот тим.
И покрај поразот, Торонто остана на четвртата позиција на Истокот, додека Колорадо е петти во Западната конференција.