
Анахајм Дакс го запишаа единаесеттиот пораз во низа, откако синоќа, после продолжение, загубија со 4-5 од Колорадо Аваланш.
Актуелните шампиони поведоа со 0-2, но во втората половина од натпреварот, беа направени по две серии од по 4-0 и на двете страни.
За ,,Патките”, во листата на стрелците се запишаа Френк Ватрано (х2), Адам Енрик и Брет Лисон.
На спротивната страна, мрежата на Лукаш Достал по двапати ја затресоа Мико Рантанен и Нејтан МекКинон, а еднаш – Џеј Ти Комфер.
На Западот, Колорадо го зазема третото, а Анахајм – претпоследното место.