По трите последователни порази, Колингвуд Мегпајс ја запишаа третата овосезонска победа, откако во последниот меч од шестото коло славеа над Есендон Бомберс со (12.10) 82-93 (15.3).
Резултатската неизвесност владееше во текот на цел натпревар, но ,,Страчките” ја стекнаа клучната предност во средината на четвртата четвртина со серијата од 30-8.
Од поразениот состав, сите голови ги постигнаа пет различни фудбалери, односно Алек Ватерман (4.1), Џејк Стрингер (3.2), Мет Гвелфи (2.1), Арчи Перкинс (2.0) и Питер Рајт (1.1).
На спротивната страна, во отсуство на централната фигура во нападот, Мејсон Кокс, убедливо најефикасни со пет, односно со четири голови беа Џек Гинивен (5.0) и Брејди Мајочек (4.0).
На табелата, Колингвуд скокна на осмото место, додека Есендон ја зазема четиринаесеттата позиција.