
Откако Стив Купер седна на клупата на Нотингем Форест, клубот од Источен Мидлендс запиша четири победи, две ремија и само еден пораз.
Во увертирата на петнаесеттото коло од Чемпионшип, ,,Шумарите” ремизираа со КПР со 1-1 што претставува прв меѓусебен нерешен исход во Лондон после една деценија.
На мечот, односно во првото полувреме, КПР, поради повреди, остана без двајца стартери, Сем МекКалум и Џорди де Вајс, но успеа да стекне водство преку Линдон Дајкс (45+4′).
Избраниците на Марк Ворбартон имаа тежок период со пораз од Питерборо и со елиминација од ЕФЛ Купот од третолигашот Сандерленд во само една недела.
Нивната болка дополнително ја зголеми Џек Колбек, кој во првата минута од судиското продолжение на второто полувреме, стрелаше во корист на Нотингем за првпат после две и пол години.
Колбек го постави конечниот резултат на овој натпревар со шут од работ на шеснаесетникот, кој беше помрднат од дефанзивецот на ,,Ренџерите” – Џими Дан.
Поделбата на бодовите го искачи Нотингем на петнаесеттото место, додека КПР остана во плејоф-зоната на петтата позиција.



