Второто овосезонско коло во НФЛ го отворија дивизиските ривали од АФК Север – Кливленд Браунс и Синсинати Бенгалс.
Двата тима доживеаја пораз во првото коло, а синоќа, до првата овосезонска победа стигна Кливленд, откако славеше со 35-30.
На натпреварот беа постигнати осум тачдауни и три филд-голови.
Пет тачдауни беа дело на играчите на Кливленд, односно по два запишаа Ник Чаб и Карим Хант, а еден постигна Одел Бекам Џуниор. Сите пет полагања беа успешно конвертирани за еден поен од страна на Коди Парки.
Останатите поентирања дојдоа од фудбалерите на Бенгалс. Ренди Балок погоди по три филд-голови и екстра-поени, а како постигнувачи на тачдаун се етаблираа Си Џеј Узома, Мајк Томас и Тајлер Бојд.
Текстот е во соработка со НФЛ Македонија