
По воведната победа после продолжение над актуелните вицешампиони, Питсбург Стилерс запишаа два последователни порази.
Во првиот меч од третото коло на новата НФЛ сезона, Стилерс загубија од дивизиските ривали, Кливленд Браунс, со 29-17.
Во првото полувреме, тачдауните паѓаа наизменично, но поради промашениот екстра-поен на Кејд Јорк, Питсбург замина на паузата со предност од 13-14.
Сепак, во третата и во четвртата четвртина, Браунс направија серија од 16-3 и дојдоа до конечен триумф.
За победничкиот состав, по еден тачдаун постигнаа Амари Купер (101 јард со фаќање), Дејвид Нџоку (89 јарди со фаќање), Ник Чаб (113 јарди со трчање) и дефанзивецот Дензел Ворд.
На спротивната страна, освен шутерот Крис Босвел, поентираа Наџи Херис и квотербекот Митч Трубиски (20/32 додавања за 207 јарди) со трчање.
Со натпревар повеќе во однос на конкурентите, Кливленд (2-1) го зазема третото, а Питсбург (1-2) – единаесеттото место во Американската конференција.