Екипата на Кливленд Индијанс синоќа дојде до втората победа на последните шест натпревари, откако славеше со 0-11 над Детроит Тигерс.
Претставниците на Охајо брзопотезно дојдоа до триумфот со шест поени во вториот и со пет поени во третиот ининг.
Хозе Рамирез беше единствен играч што постигна хоум-ран, додека по четири бази освоија Бредли Зимер, Оскар Меркадо, Овен Милер (х2), Андреас Хименез (х2), Остин Хеџес (х2), Мајлс Строу и Амед Росарио.
Покрај удирачите, неверојатна партија одигра и фрлачот Тристон МекКензи, кој за осум ининзи дозволи само една противничка база и освои единаесет страјк-аути.
Во Американската лига, Кливленд (57-59) го зазема десеттото, а Детроит (58-62) – единаесеттото место.