Македонската кадетска репрезентација го освои златниот медал и обезбеди настап на следното кадетско ЕП. Кадетките се закитија и со три индивидуални награди.
За МВП на првенството е избрана Ива Младеновска која има само 14 години. Голманката на Македонија, Марија Јовановска е прогласена за најдобра на првенството, додека Теодора Дукоска е најдобро десно крило.