Синоќа, во дербито на Западната конференција, ЛА Клиперс славеа над Феникс Санс со 113-103.
Нивниот меч беше потполно изедначен во првите три третини, а Клиперс ја направија разликата во четвртиот квартал.
Накрај, од редовите на поразениот состав, дабл-дабл запиша Деандре Ејтон (18 поени и 10 скокови), а најмногу поени постигнаа Мајкл Бриџес (20) и Девин Букер (24).
Кај Клиперс, најефикасни беа Пол Џорџ и Каваи Ленард со 33, односно со 27 поени.
На табелата, Феникс (36-15) остана на второто, а Клиперс (35-18) на третото место.
📸 Harry How/Getty Images



