Синоќа, по деветти пат во низа во меѓусебните дуели, Едмонтон Оилерс славеа над Отава Сенаторс, добивајќи ги со 1-3.
Имено, водство на Оилерс им донесе Каилер Јамамото во втората третина, а седум минути подоцна, Конор Браун израмни на 1-1.
Во третиот период, Едмонтон постигна два погодоци, кои беа дело на Девин Шор и на Јесе Пулјујарви.
Освен стрелците, огромна важност за Оилерс имаше голманот Мајк Смит, кој одбрани 39/40 противнички удари (97,5%).
На табелата на Северната дивизија, Едмонтон го држи второто, а Отава – последното седмо место.
📸 André Ringuette/NHLI via Getty Images



