
Кери во потполност го декласираше Тироун во полуфиналето на првата дивизија од Националната фудбалска лига, триумфирајќи со (6-15) 33-17 (1-14).
На овој начин, ,,Зелено-златните” изборија пласман во финалето, каде што ќе се пласира и победникот од дуелот помеѓу Даблин и Донегал.
Сепак, наместо класично финале, ќе се чека нивен двобој во Ол-Ајрленд Сениор Фудбал Чемпионшип, а во спротивно, титулата ќе биде поделена.
Во првото полуфинале, речиси сè беше готово уште во првото полувреме, после кое, Кери водеше со (5-6) 21-7 (0-7).
Во вториот дел, претставниците на Алстер се обидоа да се доближат резултатски, но заостатокот беше недостижен за 35 минути игра.
Најефикасен поединец на мечот беше членот на победничкиот состав, Дејвид Клифорд (1-6), а од неговите соиграчи, голови постигнаа уште Пол Гини (2-0), Гевин Вајт (1-0) и Дара Мојнихан (1-0).
На спротивната страна, по три поени имаа Киран МекГери и Дерек МекКари, а голгетер беше само резервистот Тирнан МекКен (1-0).