
Во последниот меч од третото коло, Далас Каубојс ги поразија Филаделфија Иглс со убедливи 41-21.
Домаќините од Тексас стекнаа предност уште во четвртата минута, а само 110 секунди подоцна, Иглс израмнија, искористувајќи ја грешката на Дак Прескот.
Сепак, во продолжение, Далас повторно ја презеде играта и контролата во свои раце и до крајот само ја зголемуваше предноста.
Во мечот, во кој се поентираше исклучиво со тачдауни и со екстра-поени, за Каубојс, топката во енд-зоната ја внесоа Езекиел Елиот (х2), Далтон Шултц (х2), Седрик Вилсон и Тревон Дигс, а Грег Зурлајн погоди 5/6 конверзии.
Нивниот квотербек, гореспоменатиот Прескот, одигра квалитетен натпревар со 21/26 успешни додавања за 238 јарди и со три пасови за тачдаун.
Од редовите на Иглс, квотербекот Џејлен Хартс освои 326 јарди со додавање и 35 со трчање, уфрли за два тачдауни, но покрај тоа имаше и две пресечени топки.
Од неговите соиграчи, Џејк Елиот заби 3/3 екстра-поени, а Флечер Кокс, Зек Ертц и Грег Ворд се запишаа во листата на поентерите преку тачдаун.
Во соработка со НФЛ Македонија



