
По шесте меѓусебни порази во низа, Карпат успеа да го совлада Луко, откако денес славеше со 1-2.
Во првата третина, Луко дојде до предност од 1-0 со голот на Тармо Реуннен на пола минута пред првата пауза.
Сепак, со по еден погодок во наредните два периоди, гостите од Оулу го комплетираа пресвртот, а стрелци беа Топи Ниемела и Виле-Валтери Лескинен.
На табелата, Луко остана на лидерската позиција, додека Карпат скокна на шестото место.