
Во седмото коло од тековната НФЛ сезона, Каролина Пантерс го запишаа првиот триумф над Тампа Беј Баканирс после 2019, славејќи со 21-3.
Овој резултат е потполно изненадување со оглед на фактот дека домаќините го лимитираа легендарниот Том Брејди на 290 јарди од 32/49 обиди за додавање, а во офанзивата играа без Кристијан МекКафри, кој беше трејдуван во Сан Франциско 49ерс.
Единствените поени на мечот за Баканирс ги постигна шутерот Рајан Сакоп на стартот на четвртата четвртина, а пресвртна точка за нивниот ,,спуст” беше огромната грешка на фаќачот Мајк Еванс во првото полувреме.
Од друга страна, за домашниот состав, освен шутерот Еди Пинеиро, со тачдаун поентираа Ди Џеј Мур во втората, Чаба Хабард во третата и Томи Трембл во четвртата четвртина.
Нивниот квотербек, Филип Вокер, уфрли прецизно за две положувања и освои 177 јарди од 16/22 додавања.
Важна алка во играта на ,,Пантерите” беше и тркачот Д’Онта Формен со 118 освоени јарди со трчање и 27 со фаќање.
Во Националната конференција, Тампа Беј (3-4) падна на десеттата, а Каролина (2-5) остана на претпоследната позиција.



