
Каролина Хурикејнс поведоа со вкупни 3-2 против Њујорк Ренџерс и дојдоа на чекор од пласманот во полуфиналето на НХЛ.
Во петтиот меѓусебен натпревар, Хурикејнс потполно ги надиграа своите ривали и славеа со 3-1.
После првата третина, резултатот гласеше 1-1, откако Винсент Трочек стрелаше за домаќините со играч помалку, а Мика Зибанеџад погоди за гостите со играч повеќе.
Во наредните две третини, Каролина постигна по еден погодок, а стрелци беа Теуво Тераваинен и Андреј Свечников.