
После поразот од Колингвуд Мегпајс во големото дерби, Карлтон Блус се вратија на победничките патеки, откако во тринаесеттото коло славеа над Есендон Бомберс со (7.12) 54-80 (12.8).
Во текот на речиси цел натпревар, Блус имаа удобна предност на своја страна, која беше ставена во неизвесност само кон крајот на првата четвртина.
Накрај, од редовите на номиналните домаќини, најефикасни поединци беа Сем Дрејпер (2.0) и Херисон Џонс (2.1).
Кај Блус, со двоцифрен број на поени, натпреварот го завршија Метју Оувис (2.0), Чарли Карноу (2.1) и Хари МекКеј (3.1).
На табелата, Есендон го зазема шеснаесеттото место и е подобар само од Вест Коуст Иглс и од Норт Мелбурн Кенгарус, кои се наоѓаат во потполен распад.
Од друга страна, Карлтон се искачи на четвртото место со само една победа помалку од лидерите Мелбурн Демонс.




