Бразилецот Игор Вандерсон Да Силва е новото големо засилување на Шкендија со искуство и настапи од турското првенство, каде што беше член на Бурсаспор и Газијантеп. Вандерсон има одличен потенцијал и е млад има само 24 години, па може да биде сериозно засилување за тетовци.
Во Шкендија бразилецот пристигна како слободен играч, а игра на позиција лево крило. Да Силва е трето засилување на тетовските ,,Црвено-црни” по Ферат Рамани и Рубин Хебајт.
Фото: KF Shkëndija