Американката со македонски пасош, Девана Бонер ги одигра првите „европски“ натпревари за Елитцур Рамла и тоа во ,,балонот” кој деновиве се игра во Турција. Во Анкара, Елитцур Рамла се натпреварува во ФИБА Еврокупот, а на премиерниот меч од групата „Б“, составот од Израел лесно го совлада унгарскиот Алуинвент Мишколц со резултат од 80:61.
Македонската репрезентативка реализираше 16.поени, 8 скока, 4 асистенции и по една освоена односно загубена топка за 35.минути во игра. На вториот ден од турнирот во главниот град на Турција, Бонер и колешките стигнаа до уште поубедлив триумф. Во дуелот со турскиот претставник Орман Генчлер славеа со резултат од 97:63. Бонер за 35 минути поминати на паркет реализираше 25.поени, 7 скока и 3 асистенции.
Фото: https://kfsm.mk/