
Истите екипи од минатогодишното конференциско финале на НФК се соочија и оваа сезона, но овој пат со поинаков исход.
Имено, Канзас Сити Чифс им го возвратија ударот на Синсинати Бенгалс, поразувајќи ги со 23-20 за пласман во Супер Боул 57.
Чифс обезбедија дуел за титулата против Филаделфија Иглс во Аризона, благодарение на прецизниот филд-гол на Харисон Баткер во последните секунди.
Освен него, поентери за домаќините беа Тревис Келси и Маркез Валдес-Скентлинг, додека квотербекот Патрик Махоумс освои 326 јарди од 29/43 прецизни додавања.
На другата страна, Џоу Бароу уфрли 270 јарди од 26/41 обид, еден тачдаун, но и два пресечени пасови.
За Бенгалс, шутерот Иван МакФерсон запиша дванаесет поени, а по еден тачдаун имаа Тај Хигинс и Самаџе Перин.




