Kaпитенот на Еурофарм Пелистер средниот бек Јосип Периќ за победата против АЕК изјави:
Благодарност на тренерот на АЕК за убавите зборови. Бевме многу добро подготвени за овој натпревар, од тренерот до секој човек во клубот. Секој детаљ го имавме аналзиравме и не се изненандивме како игра АЕК. Сакам да го потенцирам тимскиот дух на мојата екипа. И нашиот голман Секељи беше извонреден. Уживавме, лесно е да се игра во таков налет. Горд и среќен сум како игравме вечерва.