
По дванаесетте порази во низа, Чикаго Кабс успеаја да поврзат две победи, откако двапати славеа над Синсинати Редс.
Синоќа, претставниците на Чикаго ги поразија домаќините од Охајо со убедливи 1-7.
Веќе после еден и пол ининг, Кабс водеа со 0-5, а до крајот само рутински ја одржаа, односно ја зголемија предноста.
Единствен поентер за поразениот состав беше Тајлер Наквин, кој го постигна својот петнаесетти овосезонски хоум-ран.
На спротивната страна, со иста мера возвратија Иан Хеп, Мајкл Хермосиљо и Серхио Алкантара, а по четири бази освоија Дејвид Бот, Робинсон Чиринос и Рафаел Ортега (х2).
Непосредно по натпреварот, Синсинати (65-57) го држеше шестото, а Кабс (54-69) – единаесеттото место во Националната лига.



