
Поранешниот аргентински репрезентативец и вицешампион од СП 2014, Родриго Паласио, ја продолжи својата фудбалска авантура во дресот на Бреша.
39-годишниот напаѓач од вчера официјално стана нов член на клубот од ,,Марио Ригамонти”, кој дефилира во италијанската Серија Б.
Во досегашната кариера, Паласио настапуваше за три аргентински и за три италијански екипи, односно Хуракан, Банфилд, Бока Јуниорс, Џенова, Интер и Болоња.
Врвот на својата кариера, Аргентинецот го достигна во Џенова, каде што на 90 натпревари заби 35 голови, а во Интер одигра 140 натпревари и стрелаше вкупно 39 пати.
Што се однесува до престојот во Болоња, Паласио играше во универзитетскиот град од 2017 до 2021, односно настапи на 127 партии и постигна 19 погодоци.



