Во омразеното градско дерби помеѓу Сампдорија и Џенова триумфира тимот на Џенова со резултат од 1:3. До победата гостите стигнаа со пресврт, бидејќи губеа со 1:0 и со три гола во вториот дел сосема заслужено остварија победа. Горан Пандев доби одмор на клупата на Џенова, но се очекува на следниот куп меч во Италија против Јувентут да игра во 1/8 финалето од првата минута.