Кошаркарите на ТФТ го декласираа Куманово со 83:54 во третиот натпревар од БИБЛ лигата и со ова дојдоа до втората овосезонска победа во ова натпреварување. Андерсон со 30 поени беше најдобриот во редовите на победникот. За Куманово се издвои Андрејевиќ со 15 поени и 11 скокови.



