
Сакраменто Кингс загубија по третпат во низа, заклучно со синоќешниот пораз од Јута Џез со 105-123.
Кингс водеа во неизвесниот почеток, но со серијата од 13-0 во втората четвртина, Јута стекна двоцифрена предност.
Во третиот квартал, Сакраменто успеа да се врати резултатски, но потполно беше надигран во последниот период, кој Јута го доби со 39-25.
Од домашниот состав, најефикасни беа Ришон Холмс и Херисон Барнс со 22, односно со 18 поени.
На спротивната страна, дабл-дабл запишаа Руди Гобер (21 поен и 14 скокови) и Хасан Вајтсајд (10 поени и 10 скокови), додека најпрецизен со 26 кошеви беше Донован Митчел.
Со новиот пораз, Сакраменто (6-11) падна на дванаесеттата позиција во Западната конференција, а Јута (11-5) се искачи на третото место.



