Екипата на Холабрун за која настапуваат македонските ракометари Никола Костески и Влатко Митков славеше висока победа на гостувањето против Фунфхаус со 24-32 во Австриската Челинџ (втора лига).
Македонските ракометари беа одлични во победата на Холабрун. Костески запиша 4 гола од 4 обиди со одлична игра во одбраната на позицијата двојка против левиот бек на домаќините. Влатко Митков беше истотака на високо ниво и постигна 4 гола од 6 обиди.




