Легендарниот хокеар на Чикаго Блекхокс, Патрик Кејн, синоќа го запиша својот јубилеен 1000. настап во НХЛ.
Сепак, Американецот нема да го памти по добро овој меч поради тоа што неговиот тим беше декласиран од Далас Старс со 6-1.
Во првата третина, Старс стекнаа предност од 2-0 со головите на Јоел Кивиранта и на Џејми Олексијак.
Матијас Јанмарк го намали заостатокот на Чикаго во втората минута од вториот период, по што следуваа три погодоци на противниците преку Јон Клингберг, Џоу Павелски и Еса Линдел.
Третиот период беше ,,посиромашен” со ефикасност, односно единствен стрелец беше Роопе Хинтц, кој го постави конечниот резултат.
На табелата на Централната дивизија, Чикаго остана на третата, а Далас – на седмата позиција.
📸 Glenn James/NHLI via Getty Images



