Екипата на Хувентуд Бадалона за која игра македонскиот плејмејкер Ненад Димитријевиќ оствари победа на гости кај француски Нантер со резултат од 95:88 во клучниот меч за пласман во четвртфиналето во Еврокупот.
Нашиот репрезентативец играше нешто помалку од 18 минути и имаше забележителен настап со 14 поени, а придодаде и по два скока и асистенции. Во четвртфиналето кое се игра во две добиени средби кон крајот на месецов, Хувентуд ќе се сретне со Виртус Болоња, тим за кој што настапува мега кошаркарската ѕвезда, Милош Теодосиќ.