
Второпласираниот тим на Западот во регуларната сезона, Феникс Санс, стекна предност од вкупни 2-0 во четврт-финалето против Денвер Нагетс.
Во вториот меч, претставниците на Аризона славеа над Денвер со 123-98, откако имаа резултатска позитива во текот на цел натпревар.
Новиот МВП на НБА, Никола Јокиќ (Денвер), беше најефикасен поединец на паркетот со дабл-дабл учинок од 24 поени и од 13 скокови.
Кај Санс, по две двоцифрени статистики имаа дури три кошаркари: Девин Букер (18 поени и 10 скокови), Крис Пол (17 кошеви и 15 асистенции) и Деандре Ејтон (15 кошеви и 10 скокови).
Нивниот трет меч од оваа серија е закажан за 12 јуни со почеток од 04.00 часот наутро.