Еден од најефикасните денешни мечеви во КХЛ го одиграа екипите на Јокерит и на Динамо Москва. Имено, Јокерит, среде Хелсинки, славеше над рускиот претставник со убедливи 6-1, запишувајќи го третиот триумф во низа.
Од друга страна, Динамо ја прекина својата победничка серија од три победи, губејќи по петти пат во низа од денешниот ривал.
„Џокерите“, денес, после педесет минути игра беа неверојатни и стекнаа предност од 6-0. По два погодоци запишаа Јесе Јоенсуу и Ииро Пакараинен, а по еднаш, противничката мрежа ја затресоа Брајан О’Нил и Јакуб Крејчик. Со денешниот гол, О’Нил стана тринаесеттиот играч во историјата на Јокерит што постигнал двесте поени во КХЛ (68 голови и 132 асистенции).
Единствен стрелец од редовите на Динамо беше Вјачеслав Кулјомин.
Со новите поени, Јокерит го освои осмото место на Западот со шест до осум мечеви помалку во однос на сите противници. И покрај поразот, Динамо остана на четвртото место.



