По четирите загубени натпревари во низа, Јиваскила се врати на победничките патеки.
Имено, избраниците на Пека Тирконен, во рамките на денешната програма од финската Лиига, го надиграа КооКоо со 1-2.
Домаќините стекнаа предност од 1-0 во втората третина, кога мрежата на Самуел Јукури ја затресе Миска Сииконен.
Сепак, во третиот период, пресвртот на гостите го комплетираа Рид Гардинер и Ааро Видгрен.
На табелата, КооКоо го зазема седмото место, а Јиваскила скокна на единаесеттата позиција.