
Амур Хабаровск го искористи домашниот терен и го совлада Витјаз Подолск со резултат од 3-2.
За ,,Тигрите”, ова беше прв триумф после петте врзани порази, но сепак останаа на последното место во Источната конференција.
Од друга страна, Витјаз и покрај поразот, се наоѓа во плејоф-зоната на петтото место на Западот.
На мечот, домаќините поведуваа во три наврати, а гостите успеаја да израмнат ,,само” двапати.
За Витјаз, во листата на стрелците се запишаа Степан Старков и Скот Вилсон, а за Амур реализираа Александер Шаров, Јарослав Лихачјов и Сергеј Дубакин.




