Њујорк Јенкис ја зголемија победничката серија на девет триумфи во низа, откако синоќа славеа над Минесота Твинс со 7-1.
Гостите од Минеаполис се држеа резултатски само четири и пол ининзи, после кои губеа со само 1-0.
Веќе после петтиот период, Јенкис имаа предност од 6-0, а во осмата деветтина, двете екипи додадоа по еден поен за поставување на конечниот резултат.
За Минесота, единствен играч што постигна поен беше Хорхе Поланко, кој дојде до својот 22. хоум-ран сезонава.
На спротивната страна, на ист начин поентираше Ендру Веласкез, а по четири бази освоија Рагнед Одор (х2), Тајлер Вејд, Ди Џеј ЛеМехју, Ентони Рицо и Џанкарло Стентон.
Јенкис (72-52), со овој триумф, се израмнија на третата позиција во Американската лига со Чикаго Вајт Сокс, додека Твинс (54-70) го држат тринаесеттото место.