На првото издание на “Ѓорче Петров Куп” во финалето славеше екипата на ЖРК Ѓорче со 28:23 против тимот на ЖРК Вардар.
За најкорисна ракометарка на турнирот МВП беше избрана Ана Марија Коларовска од екипата на Ѓорче, за најдобар стрелец Симона Стојановска со 22 гола исто така од тимот на Ѓорче. За најдобар голман на турнирот беше избрана Андреа Илиќ од Вардар.



