Во првиот меѓусебен натпревар во лигата после 9 март 2020, Милвоки Бакс триумфираа над Далас Маверикс со резултат од 112-109.
Во текот на речиси цел меч, Бакс имаа резултатска предност, но владееше неизвесноста, којашто кулминираше во четвртата четвртина.
Освен изедначеноста на тимовите, интересен беше и дуелот помеѓу двата асови на екипите – Јанис Антетокумбо (Милвоки) и Лука Дончиќ (Далас).
Накрај, Антетокумбо беше најефикасен од сите со 31 поен, а на Дончиќ му фалеше само еден скок за нов трипл-дабл. Словенецот го заврши мечот како најдобар поединец на Далас со 28 поени, со 9 скокови и со 13 асистенции.
Со четвртата победа во низа, Милвоки (9-4) изби на второто место на Истокот, додека, на Западот, Далас е шести на Западот со учинок од 6-5.
📸 Gary Dineen/NBAE via Getty Images