Македонскиот кошаркар, Андреј Јакимовски продолжува да импресионира со игрите на Вашингтон Кугарс и да го врти вниманието на себе.
Вашингтон е во серија од пет победи по ред во НЦАА лигата откако го совладаа Портланд Стејт Вајкингс со 69:60. Јакимовски овој пат доби дури 34 минути на теренот, за кои запиша 12 поени и седум скокови, тој беше еден од четворицата со двоцифрен број на поени во својот тим.
Вашингтон Стејт Кугарс е една од двете екипи во Пацифик 12 дивизијата со максимален учинок по првите две кола, другата е Аризона.



