Францускиот тренер почина на возраст од 73 години, во ноќта меѓу недела на понеделник. Ќе се памети по големите успеси со Лион и со Ливерпул чии навивачи многу го почитуваа.
Жерар Улие го водеше клубот од „Енфилд Роуд“ од 1998. до 2004. година и го освои Купот на УЕФА во 2000/20001, Супер Куп на УЕФА 2001, ФА Куп 2000/2001, Супер Куп на Англија 2001, два Лига Купа 2000/2001 и 2002/2003, а освојуваше и 2. и 3. место во Премиер лига во сезоните 2001/02 и 2000/01.
Тој својата тренерска кариера ја започнал во француски клуб од понизок ранг пред да пристигне во ПСЖ во 1985 година. Со клубот од главниот град набрзо ја освои титулата, а потоа беше 4 години асистент на Мишел Платини во француската репрезентација. Подоцна тој ја превзеде репрезентацијата, но не за долго. Својата тренерска кариера ја заврши на островот во Астон Вила.



