
Во единствениот денешен натпревар од финската хокеарска Лиига, Хамеенлина славеше над Јиваскила после пенали со вкупни 3-2.
После првата третина, Јиваскила имаше предност од 0-2, благодарение на Јоаким Кемел и на Теему Сухонен на една секунда пред паузата.
Во завршните шеснаесет секунди од вториот период, Јуусо Хиетанен ги преполови заостатокот на домаќините, а во последната минута од регуларниот дел, Мајкл Џоли израмни на 2-2.
Истиот играч беше прецизен во два наврати и во пенал-серијата за конечен триумф на својот состав, а на спротивната страна погоди единствено Севери Лахтинен.
На табелата, Хамеенлина скокна на второто место, оставајќи ја Јиваскила на десеттата позиција.