Во рамките на 3.коло од Женската лига екипата на Стружанка оствари рутинска победа од 27:18 против тимот на Деспина од Прилеп.
Домашните ракометарки уште на стартот поведоа со два до три разлика, за на полувремето да заминат со предност од 14:9. Во вториот дел разликата се одржуваше и се зголеми за конечни 27:18.
На вистинскo ниво беа Затуроска Ивана со 10 постигнати голови и Митоска Марина со над 15 одбрани.