Нефтехимик од Нижњекамск приреди пријатно изненадување, совладувајќи го АК Барс Казањ после продолжение со 3-2.
Сите голови паднаа во втората третина, во период од десет минути. Најпрво, Нефтехимик поведе преку Владимир Галузин, а брз пресврт направија гостите, со головите на Александер Бурмистров и на Стефан Да Коста. Конечниот резултат од регуларните шеесет минути игра го постави Марат Хаирулин.
Нефтехимик дојде до неочекуваната победа благодарение на Павел Порјадин после само триесет и осум секунди игра.
Со овој триумф, Нижњекамск дојде до деветтата позиција, односно на само два поени од плејоф-зоната, а АК Барс го задржа второто место на Истокот.



