Германската Бундес лига е најквалитетна клупска ракометна средина, каде што фаворитите немаат сигурни бодови и против екипи од долниот ешалон во лигата. На вечерашниот натпревар Вецлар на домашен терен го порази со дури девет гола разлика фаворитот Кил, односно резултатот гласи 31:22 на полувремебеше 18:11.
Во овој голем триумф учествуваше и македонскиот интернационалец, Филип Миркуловски, но зад неговото име стои само едно исклучување на мечот без постигнат гол, но сепак имаше значајна улога во одбраната и Вецлар сега слави голем триумф. За Кил ова е прв пораз, додека за Вецлар втора овосезонска победа.



