
Италијанската атлетика го живее својот подем, откако го освои и петтиот златен медал на ЛОИ 2020 што претставува апсолутно најголемо државно достигнување.
Имено, на трката 4х100 метри во машка конкуренција, Италијанците, со нов национален рекорд од 37,50 секунди, дојдоа до нова олимписка титула.
Освен олимпискиот шампион, Марсел Џејкобс, неверојатен спринт изведе последниот член, Филипо Торту, а за злато придонесоа уште Лоренцо Пата и Есеоса Десалу.
Со само стотинка заостаток во однос на Италија, до среброто дојде штафетата на Велика Британија (37,51).
На третото место, предводена од олимпискиот првак на 200 метри, Андре де Грас, се пласираше селекцијата на Канада (37,70).
Со израмнување на државниот рекорд, четвртото место го зазеде Кина (37,79), а во продолжение следуваа Јамајка (37,84), Германија (38,12), Гана (дисквалификувана) и Јапонија, која не стартуваше.



